Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи на доведување негова замена.
Во Вила веќе контактирале со агентот на голманот на јапонската репрезентација Зајон Сузуки. Парма го цени јапонскиот голман на 30 милиони евра, но Астон Вила се обидува да ја намали цената.
Сепак, со оглед на тоа што за Сузуки е заинтересиран и Јувентус, но и англиски Њукасл, истата може да оди и повисоко.










