Малку се 48, ФИФА размислува за 64 селекции на Мундијалот во 2030

110
фото: El Comentario (X)

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино деновиве е на голем удар поради бројните отворени прашања за тековниот Мундијал. Тој пак, како да не му е доволно што е прозиван за се и сешто, од судење, преку организација, до поништување на суспезии, високи цени и што ли уште не, реши да додаде уште еден „проблем“.

Изјави дека ФИФА размислува за следниот светски фудбалски самит во 2030 година, наместо сегашните 48 селекции да има 64.

„Да имаме 64 селекции на следниот турнир? Дефинитивно е прашање кое ќе биде разгледано и дискутирано во надлежните комисии по ова Светско првенство“, рече Инфантино во интервју за швајцарскиот медиум „Блувин“. 

„На секоја нација треба да ѝ се дозволи да сонува за учество на Светското првенство. Гледате дека квалитетот на тимовите е исклучително висок, и станува сè повисок. Ако не им дадете шанса на помалите земји да учествуваат на Светското првенство, тие нема да имаат стимул да продолжат да се подобруваат“, коментираше Инфантино.

ПретходноДе Ла Фуенте со Шпанија си гази, само една репрезентација не успеал да победи на ЕП и СП!
СледноМеси: Ова е за мене премиерен дуел против Англија, затоа е посебен