Најдолгиот пат за Вардар – заминаа за Финска!

335

Македонскиот првак заминува во невозможната мисија и дуелот со КуПС во Куопио кој се игра во вторник од 17 часот. Финскиот првак минатата недела во Скопје му одржа фудбалска лекција на Вардар и со триумфот од 0:2 речиси и го завери пласманот во следната фаза.

А Вардар, останува да се надева дека чудата во фудбалот се возможни иако протов себе имаат силен ривал, првак на Финска, клуб кој блеска на организациски план и има одличен играчки кадар. Тим кој сега игра дома, на своја температура, пред своја публика и на вештачка трева…

А експедицијата на Вардар ја чека долг пат. Лет од Скопје до Истанбул, а потоа нов лет до Хелсинки кој трае околу 3,5 часа. И тоа не е се… Следува долга авантура со автобус околу 5 часа од Хелсинки од Куопио, град од 125.000 жители кој е на 400 километри северно од главниот град на Финска.

ПретходноШвајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот
СледноИбрахимовиќ: Селекторот на Белгија треба да се засрами