Петровски: „Има доста позитивни работи, но и сегменти на кои треба дополнително да работиме пред почетокот на ЕП“

39
ФОТО:mkd.basketball

Женската јуниорска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 29 јули до 7 август ќе се одржи во романскиот град Тулчеа.

По двата контролни натпревари против Бугарија, стручниот штаб ги анализираше настапите на националниот тим, а во наредниот период следуваат и нови проверки против селекцијата на Косово.

Селекторот Виктор Петровски е задоволен од односот и ангажманот на репрезентативките, но нагласува дека тимот има простор за дополнителен напредок во пресрет на шампионатот.

Задоволен сум од желбата и енергијата што ја покажуваат девојките. Работат посветено, имаат одличен пристап и на секој тренинг влегуваат максимално мотивирани.

Контролните натпревари против Бугарија ни дадоа јасна слика за моменталната состојба на тимот. Видовме многу позитивни работи, но и сегменти на кои треба дополнително да работиме пред почетокот на Европското првенство. Иако во овој период не сме комплетни поради неколку повредени кошаркарки, продолжуваме да работиме според зацртаниот план“.

По неколку дена тренинзи, во кој селекторот Петровси се надева на враќање на повредените Колева, Димитровски, Груевска и Милосављевиќ, во текот на оваа недела следува уште една контролна средба:

Оваа недела нè очекува уште една контролен натпревар, против Косово, кок ќе биде уште една добра можност да го провериме нашиот напредок, да ги воиграме сите линии во тимот и подготвени да го дочекаме стартот на Европското првенство“, вели Петровски.

ПретходноДибала донесе одлука – останува во Италија
СледноОва е конечниот пласман од 5. до 48. место на Мундијалот!