Тодоровиќ: Тимот го има најважното – хемија и квалитет!

57
Фото: КФСМ

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „под 18“ години влегува во завршната фаза од подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи во Опатија и Ријека, Хрватска.

По двата контролни натпревари против Бугарија во Ботевград, селекторот Миодраг Тодоровиќ изрази задоволство од она што неговите избраници го прикажале на теренот, и покрај проблемите со кои се соочи тимот во подготвителниот период.

„Задоволен сум од желбата и пристапот на сите натпревари. Имавме доста неочекувани повреди, присутен е и заморот од подготовките, што е сосема нормално во овој период. Но овој тим го има најважното – одлична хемија и суров квалитет“, истакна Тодоровиќ.

Во наредните денови националниот тим ќе ги одработи последните тренинзи и ќе ги финализира сите задачи пред заминувањето за Хрватска. Во тренажниот процес остануваат 14 кошаркари, од кои селекторот ќе го избере конечниот состав што ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во Опатија и Ријека.

ПретходноОфицијално: Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска!
СледноДибала донесе одлука – останува во Италија