Машката младинска репрезентација на Македонија после еден ден пауза продолжува со натпреварите на Европското првенство.
После трите порази во низа во групната фаза (Норвешка, Хрватска и Данска), „црвено-жолтите“ ќе разигруваат за пласман и ќе се обидат да дојдат до првиот триумф на ова континентално натпреварување.
Нови противници се селекциите на Австрија и Летонија. Првиот меч е денеска во 11:30 часот, а нашите ракометари ќе ги одмерат силите против Австрија.
За разлика од нас, оваа репрезентација групната фаза ја заврши со победа и два порази.










