Од таборот на ГРК Охрид ја потврдија вест дека Ориол Реј Моралес го напушта тимот. Еден од клучните дефанзивци од минатата сезона одлучи да замине во Висла Плоцк, која пак го откупи неговиот договор.
Охриѓани жалат бидејќи нивната желба да остане била огормна.
„Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор.
Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера“, се вели во соопштението на клубот.










