Македонската младинска репрезентација не успеа да дојде до првата победа на Европското првенство. Нашите ракометари го запишаа четвртиот пораз откако беа совладани од Австрија со 28-24 во новоформираната група за разигрување на пласман.
„Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме во кое се водеше изедначена битка, а нашите момци имаа и водство од два гола 4-6. Првото полувреме заврши со резултат 15-14 во корист на противникот. Откако на стартот на вториот дел, Македонија изедначи на 15-15, следеше мини серија на Австрија за 18-15. Македонија успеа да дојде на минус седен (18-17), но потоа како да го загуби здивот. Противникот поведе со 24-18 и успеа да го урне отпорот на нашите надежи.
Поповски и Матески беа лидери во нашите редови, двајцата постигнаа по шест гола.
Македонија утре игра нов меч, за противник ја има селекцијата на Литванија.










