Муарем Муарем ќе биде нов тренер на Скопје!

274

Муарем Муарем, досгашниот стратег на Работнички, ќе седне на клупата на ФК Скопје. Како што дознаваме, има договор меѓу двете страни, сега се очекува само промоција. Инаку Скопје по заминувањето на Александар Таневски остана без тренер, па покрај неколкуте опции, “Пиратите“ се решија за својот некогашен играч.

Инаку Муарем Муарем изминатата пролетна сезона го водеше Работнички, но не успеа да да обезбеди опстанок. Претходно го водеше тимот на Башкими од Куманово, а одреден период беше и тренер на Гостивар.

Конечно се чини дека се реши сагата околу тоа кој е новиот тренер на ФК Скопје, тимот кој претстојната сезона одново ќе игра во елитната фудбалска лига на Македонија.

ПретходноСензационално: Манчестер Јунајтед е во завршни преговори со капитенот на Белгија!(ФОТО)
СледноОфицијално: Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска!