Дарио Ивановски ангажиран во Министерството за одбрана!(ФОТО)

962

Убав гест на Министерството за одбрана, кој го потврди и министерот Владо Мисајловски. Имено нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски ќе бида ангажиран во ова министерство во наредниот период.

Еве што на своите социјални мрежи објави Мисајловски:

Со гордост ги поддржуваме оние кои со својот труд, истрајност и посветеност ја претставуваат Македонија високо на светските спортски сцени.

Дарио Ивановски, македонскиот шампион, најдобриот атлетичар, човек кој со својата дисциплина, борбеност и спортски дух е пример за сите генерации. Неговите успеси се потврда дека со посветена работа, истрајност и вистински вредности се постигнуваат големи резултати.

Од денеска, Дарио ќе биде ангажиран во Министерството за одбрана, каде ќе има можност своето знаење, искуство и професионален пристап да го пренесе на припадниците на македонската Армија кое е од особена важност за унапредување на нивната физичка подготвеност и дополнително да помогне во работата на Советот на воени спортови.

Му посакувам успех во новиот професионален ангажман.

ПретходноЌе има продолженија во Финска…. Вардар води со 0:2 по регуларниот дел (ВИДЕО)
СледноЕкстра Вардар во Финска и скапо платен пораз од Скопје (ВИДЕО)