На еден час од стартот на реванш дуелот од првото коло од Квалификациите за Лигата на Шампионите, помеѓу македонскиот шампион Вардар и фински КуПС кој што се игра во Куопио, познат е составот на нашиот претставник.
По поразот во Скопје од 0:2, тренерот Фабиани се одлучи за нешто изменет состав. На голот повторно е Талески но за разлика од Скопје, на левата бековска позиција сега е стандардниот Михаил Маневски. Матиќ, Велковски, Најдовски и Јанкулов ја комплетираат последната линија, а пред нив се Николов, Кастенада, Пиреш и Герсон Рдригез кој за прв пат е стартер во дресот на Вардар. Напред е капитенот Азер Омерагиќ.
За потсетување пренос од натпреварот има на каналот Арена Македонија со почеток од 17:00 часот.










