Полувреме во Финска: КуПС промаши „зицер“, Вардар сеуште има 0:0

156

Во моментов актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар го игра реванш дуелот од првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите против финскиот шампион, тимот на КуПС.

На полувреме резултатот е 0:0 што секако му одговара на домаќинот со оглед на предноста од 0:2, донесена од Скопје.

Вардар има некаков играчки баланс до сега, се обиде и да загрози преку Николов, но домаќинот беше тој кој што ја имаше најзрета шанса.

Велковски во обид да „одработи“ дефанзивно до голманот Талески не го примети Амрах, кој што го пресече тој пас и излезе сам пред голот на Вардар. За среќа на нашиот првак, неговиот лоб обид беше пресилен и замина над голот.

 

ПретходноПолицијата во Атланта: Зголемени безбедносни мерки пред дуелот Англија – Аргентина
СледноЕкспедицијата на Сенегал на Мундијалот предизвикала сексуален скандал!!!