„ВАРЕ АРЕНА“ распродадена: Вардар во Куопио ќе игра пред полни трибини!

129

Денеска од 17 часот во Куопио, Вардар во реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, му гостува на шампионот на Финска, тимот на КуПС. Првиот меч заврши со победа на Финците со 2:0.

Инаку натпреварот се игра на „Варе Арената“ во Куопио која е со капацитет од 5.000 места и според последните информации сите билети се распродадени, па така овој меч ќе се игра пред полни трибини.

Иако станува збор за мал стадион, веројатно салата за хокеј им е поголема, сепак КуПС ќе ја има сета можна поддршка од трибините.

Треба да се каже дека КуПС поважните мечеви во минатото, посебно оние од групната фаза, ги игра во Тампере.

Проблем за вардарци ќе биде и тоа што ќе играат на терен со вештачка трева, што секако дека не им одговара. Вчера четата на тренерот Кристија Фабиани имаше можност да се запознае со условите на стадионот и со теренот каде што денеска ќе се игра овој натпревар. Одработен беше тренингот во добра атмосфера. Останува да видиме како ќе одигра Вардар и дали ќе дојде до сензација.

ПретходноУапсен поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ
СледноЈамал: Ако некој може да ги победи Французите, тоа сме ние!