ЛК – квалификации 2.коло: Вардар на мегдан против екс – клубот на Седлоски!

616
ФОТО:facebook.com/rigafootballclub/

Македонскиот шампион иако победи со 2:3 во продолженија кај КуПС во Куопио во реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, сепак е елиминиран. Но ова не значи дека ја завршува европската одисеја. Имено како елиминиран тим во квалификациите во ЛШ, продолжува во 2.квалификациско во Лигата на Конференции. А таму се среќава со ФЦ Рига, шампионот на Летонија.

Интересно, тоа е некогашниот клуб на Гоце Седлоски, актуелниот селектор на Македонија и довчерашниот тренер на Вардар. Значи се среќаваат два некогашни клуба на Седлоски.

Првиот меч меѓу ФЦ Рига и Вардар се игра во Летонија на 23 јули, а реваншот во Скопје на 30 јули.

И ФЦ Рига како Вардар беше елиминирана во 1.квалификациско коло во ЛШ и тоа од Арарат (Ерменија). На првиот меч во Ерменија беше 2:0 за Арарат, а вечерва Рига дома победи со 3:2. 

ФЦ Рига досега во својата историја четири пати бил првак на својата земја, а двапати го освојувал Купот.

Јасно е дека станува збор за квалитетен тим, но Вардар ако игра на тие два меча како попладнево во Куопио, секако има шанси да избори пласман во третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции.

ПретходноНорвешка ја освои наградата на ФИФА за фер-плеј!
СледноКристијан Фабиани:„ Победивме, но недоволно за следна фаза“!