Левски Софија се пласира во 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите откако вечерва на свој терен, македонскиот репрезентативец Никола Серафимов и другарите славеа со 4:0, првиот меч заврши 1:1. Славеа убедлива победа во “македонското дерби“ ако се знае дека во гостинскиот тим цел меч го одигра Себастијан Херара а Дамјан Шишковски беше на клупата.
Ова значи дека тимот на Серафимов ќе игра во следната фаза во квалификациите во ЛШ, додека тимот од БиХ ќе продолжи во Лигата на Конференции.
Зекирија Рамадан како тренер, не успеа со својата Дрита да го мине стартното коло во квалификациите во ЛШ, откако вечерва дома беше поразен од Кауно Жалгирис со 2:3. Првиот меч во Литванија заврши со резултат 1:1. Па така Рамадан и Дрита продолжуваат во Лигата на Конференции.










