MG го претстави новиот MG GO!, впечатлив концепт на целосно електричен компактен хечбек, кој својата светска премиера ја имаше на престижниот Goodwood Festival of Speed. Дизајниран во Лондон и создаден со фокус на европскиот пазар, MG GO! претставува визија за новата генерација урбани електрични автомобили, со смел дизајн, препознатлив карактер и современи технологии.

Иако станува збор за концепт, од MG потврдуваат дека сериската верзија ќе пристигне веќе следната година. Притоа, компанијата јасно ја истакнува својата намера моделот да биде позициониран како модерен, динамичен и посакуван автомобил, а не како буџетска алтернатива. Со тоа, MG дополнително ги нагласува своите амбиции за понатамошен раст и зајакнување на своето присуство на европскиот пазар.

За повеќе информации за MG Motor MK, нашата понуда и продажната мрежа, посетете ја веб-страницата: https://www.mgmotor.mk/










