Убав гест на Министерството за одбрана, кој го потврди и министерот Владо Мисајловски. Имено нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски ќе бида ангажиран во ова министерство во наредниот период.
Еве што на своите социјални мрежи објави Мисајловски:
„Со гордост ги поддржуваме оние кои со својот труд, истрајност и посветеност ја претставуваат Македонија високо на светските спортски сцени.
Дарио Ивановски, македонскиот шампион, најдобриот атлетичар, човек кој со својата дисциплина, борбеност и спортски дух е пример за сите генерации. Неговите успеси се потврда дека со посветена работа, истрајност и вистински вредности се постигнуваат големи резултати.
Од денеска, Дарио ќе биде ангажиран во Министерството за одбрана, каде ќе има можност своето знаење, искуство и професионален пристап да го пренесе на припадниците на македонската Армија кое е од особена важност за унапредување на нивната физичка подготвеност и дополнително да помогне во работата на Советот на воени спортови.
Му посакувам успех во новиот професионален ангажман.










