ЖРК Ѓорче Петров доби тежок противник во Европската лига

104

Актуелниот македонски првак, Ѓорче Петров го доби противникот во второто квалификациско коло во Европската Лига. „Лавиците“ ќе играат против Бањик Мост, екипа која доаѓа од Чешка.

Првиот натпревар ќе се одигра на 3/4 октомври, а домаќин е македонскиот тим, додека реваншот е на програмата на 10/11 октомври во Чешка.

Победниците од 16 двојки во второто квалификациско коло, ќе се пласираат во третата квалификациска рунда, каде што веќе се пласирани осум екипи, а победниците од тие 12 парови ќе одат во групната фаза.

ПретходноИталијански предизвик за ЖРК Вардар, ГРК Тиквеш доби противник од Луксембург
СледноВртоглаво растат цените на билетите за финалето на Светското првенство