Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

408
ФОТО:x.com/SpainIsFootball

Мајсторија, тимска игра, доминација, брутална лекција, казнена експедиција…ова се генерално заклучоците од првото финале на СП. Шпанија по вторпат по својата историја, по 2010, ќе атакува на својата втора титула и сака повторно да ги обедини титулите – европски и светски првак, а таму за ривал ќе ги има Аргентина или Англија, и јасно е дека ќе биде фаворит.

Де Ла Фуенте го надитри Дидие Дешамп, а Јамал и другарите просто го растурија тимот на Мбапе. Оваа Шпанија е нешто посебно, оваа Шпанија едноставно покажа дека е нај, нај во светот на фудбалот. Е, сега дали ќе биде светски шампион, останува да видиме во недела.

Франција до овој меч делуваше “страшно“, сепак се виде уште на мечот со Мароко, дека кај „Триколорите“ има нешто што овој тим сепак не може со „Фуријата“, не се случајни сите овие порази од Шпанија на последните мечеви.

Секоја чест за индивидуалните квалитети, можеби најдобри во светот, но кога против себе ја имаш ваква Шпанија, едноставно немаш шанси.

Според играта тие 2:0 за Шпанија се премалку.

На крај зборовите на селекторот на Шпанија по мечот кажуваат многу…

Франција на овој меч се соочи со најдобриот тим во светот“.

Претходно“Фуријата“ го „расипа“ спектаклот, Шпанија си поигруваше со Франција за пласман во големото финале!(ВИДЕО)