Огнено крштевање: УГД Штип против холандскиот првак на стартот во Лигата на шампионите

142

Холандскиот одбојкарски шампион Орион Старс ќе биде противник на македонскиот одбојкарки шампион УГД Штип во првото квалификациско коло од ЦЕВ Лигата на шампионите.

Во својата историска сезона, штипјани ја освоија двојната круна и за првпат во историјата на градот ќе играат во најквалитетното европско клупско натпреварување. Денешната ждрепка во Луксембург сакаше штипјани да го добијат за ривал холандксиот првак  Орион Старс, кој сигурно беше еден од најнепосакуваните ривали.

Сепак, момците на Кристиан Ристески ќе имаат голема мотивација на двете средби да покажат врвен квалитет. УГД Штип на првиот меч ќе биде гостин (20-22 октомври), додека реваншот ќе го одигра на домашен терен (27-29 октомври).

ПретходноЛукас Манасиев, бисерот на Јувентус со потекло од Радовиш
СледноМоќната Шпанија во целост ја неутрализира Франција, потоа се беше рутина