Вардар имаше шанса – можеби една во 10 години!

354

Ако не си ја завршиш домашната задача не можеш да очекуваш успех. За малку, за еден гол, продолженија… Во фудбалот тоа малку е толку големо и толку далечно но сепак е добро алиби за оној кој губи за да има оправдание за брзата елиминација. Вардар со години чекаше, по 9 години дочека настап во квалификациските кола од Лигата на шампионите. Но, се сопна минатата недела дома кога загуби 0:2 од КуПС, па така „црвено-црните“ прежалени заминаа за Финска каде изгинаа, одиграа храбро и добро и победија. Немаа среќа во продолженијата и со вкупен резултат 4:3 се елиминирани од првакот на Финска.

Секоја чест за дуелот во Куопио но каде беше овој Вардар, дома, на свој терен пред своите навивачи!? Таму се покажува и сила и игра и резултат кој е неопходен за да се мине оваа фаза од најсилното клубско натпреварување. Нема алиби – игравме добро сега, но ете зошто овој силен, скап тим со многу фален тренер од Аргентина не одигра како треба и на првиот меч. Ова се нокаут натпревари на кои мора да си добар 180 минути или во случајот 210 затоа што првакот на Македонија не успеа во екстра времето да се избори за нова рунда од Лигата на шампионите. Рунда која беше реалност и за очекување со оглед на тоа дека Вардар се судри со „скромен“ тим во оваа фаза.

КуПС на нивото на Силекс Кратово

Клуб кој не е историски ниту во најдобрите 3 клуба на Финска, екипа која има стадион со капацитет од 3.000 гледачи (со столчиња) и тим кој последниве две години двои од останатите во својата земја. Вардар се судри и е елиминиран од клуб на рангот на Силекс Кратово (во наши рамки), тим кој е далеку од главниот град и тим кој е далеку зад ХЈК Хелсинки, Интер Турку, Илвеш па и Тампере. Екипа која е најсеверно во својата земја и клуб кој е оддалечен 3.200 километри од Скопје. КуПС нема играчи кои земаат плата над 7.000 евра, а тоа во Вардар го има речиси секој втор играч, нема тренер(и) од Аргентина (најдобрите биле во светот), и нема историја како што ја има првакот на Македонија. Вардар имаше „златна“ шанса да го мине КуПС, шанса која во ова натпреварување може и да се чека и десетина години. Финците сега имаат прилика да го направат ланскиот подвиг затоа што со елиминацијата на Вардар им е загарантиран бараж дуел за пласман во Конференциската лига со „лузерите“ од ова натпреварување па би можеле во таа фаза пак да играат со Вардар (ако нашиот тим ја мине Рига).

Половина од „групата“ на Вардар минаа во следна фаза

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kuopion Palloseura (@kups1923)

ПретходноЕмилијано Мартинез на чекор до рекорд со Аргентина
СледноАрсенал размислува за голем „трејд“ на фудбалската сцена?