Лукас Манасиев, бисерот на Јувентус со потекло од Радовиш

229

Македонската дијаспора ни најавува уште еден голем фудбалски талент кој што во иднина се надеваме дека ќе ни донесе и радост во националниот дрес на Македонија.

Од младинската школа на големиот Јувентус, каде што има стотици млади фудбалери од најразлична возраст, потекло и фудбалски квалитет, ни доаѓа Лукас Манасиев. Момче кое е родено 2015 година и кое што во моментов во својата генерација е едно од најперспективните млади момчиња.

Во моментов дури ја носи и капитенската лента, која што во Јувентус и на таа мала возраст не е лесно да се заработи.

Лукас Манасиев инаку е со потекло од Радовиш. Неговиот татко Здравко Манасиев исто така имал забележитална фудбалска кариера во минатото, со тимот на Асти во Серија Д. Токму од овој клуб потекнува и малиот Лукас кој е забележан од скаутите на Јуве и неодамна се преселил во клубот од Торино.

Лукас Манасиев со својата генерација веќе на големо има одиграно доста турнири ширум Европа со огромен успех. СпортСпорт како и обично, ќе го следи неговиот развој и за брзо време се надеваме дека ќе се појави во дресот на младинските селекции на Македонија.

ПретходноАрсенал размислува за голем „трејд“ на фудбалската сцена?
СледноОгнено крштевање: УГД Штип против холандскиот првак на стартот во Лигата на шампионите