Ракометната машка младинска репрезентација денеска забележа убав, висок и пред се заслужен триумф над селекцијата на Турција со конечни 41:24, во рамките од Европското првенство во Романија.
Ова за нашите ракоменти надежи беше втора победа на овој турнир, по онаа над Летонија. Истата пак, значи следново. Дека момците на селекторот Игор Илиевски ќе разигруваат за пласман од 17 до 20 место на овој континентален шампионат. Следниот натпревар за нас е утре против Полска.
Што се однесува до самиот дуел Македонија имаше контрола врз играта и резултатот во текот на сите шеесет минути.










