На нешто повеќе од еден час до почетокот на реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, познати се стартните состави на Шкендија и Европа.
Ова се стартните единаесет на тетовци кои добија шанса од стратегот Артим Положани:
Амзаи, Трумчи, Фетаи, Ислами, Димоски, Зејнулаи, Фреитас, Красниќи, Тамба, Ндзенгуе, Криезиу.
Се гледа дека Положани направи неколку измени во стартниот состав во однос на првиот меч на Гибралтар.
Натпреварот е закажан за вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Главен судија е Антон Лашук од Белорусија.
Шкендија од првиот меч има предност од 5:0, па така ова за тетовци треба да биде само рутински одработена задача и официјална заверка на пласманот во втората квалификациска рунда каде ги очекува Браво од Словенија.










