Вардар ќе мора да игра три меча во седум дена

195
Нема поместување на терминот за одигрување на мечот од првото ПМФЛ коло кое што актуелниот шампион на Македонија, Вардар треба да го одигра на свој терен против тимот на Брегалница на 25.07.2026 во 17:00 часот. Така одлучи Фудбалската Федерација на Македонија на барањето на ФК Вардар за одложување на истиот, поради настапот на шампионот во квалификациите за Лигата на Конференции и двомечот против тимот на Рига од Летонија.
Пеколна недела за „црвено – црните“
Ова во превод значи дека следната недела, а и таа потоа е буквално пеколна за Вардар. на 22.07.2026 година односно во среда во Скопје на Арената Тодор Проески гостува токму тимот на Рига. Се игра првиот меч од овој двобој со почеток од 20:00 часот.
Потоа, на 25.07.2026 година, поточно в сабота со почеток во 17:00 часот истот аката на Арената во Скопје пристигнува Брегалница во гореспоменатиот дуел од првото коло од новиот ПМФЛ шампионат.
Конечно, на 28.07.2026 година во вторник во 20:00 часот по локално време во Летонија, Вардар во Рига го игра реванш дуелот од квалификациите за Конференциската лига.
Минимумот е 48 часа од еден меч до друг
УЕФА правилата велат дека, од еден официјален меч до друг, мора да има временски период од 48 часа. Тоа значи дека Вардар сепак го исполнува тој минимум, а како од сабота попладне до понеделник наутро ќе стигне до Рига за да се аклиматизира и да го одработи официјалниот тренинг, прес конференцијата и се останато што УЕФА налага за да се стори пред еден меч ќе треба да прашаме во таборот на шампионот.
22.07.2026 (среда) 20:00 часот
ФК Вардар – Рига
25.07.2026 (сабота) 17:00 часот
ФК Вардар – ФК Брегалница
28.07.2026 (вторник) 20:00 часот (локално време)
Рига – Вардар
ПретходноБразилецот Гауденцио е нов играч на Брегалница
СледноМакедонија на стартот е слободна, а стартуваме против Австрија