Дориев со осми гол во новата сезона за екипата на Согдиана (ВИДЕО)

48

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Љупче Дориев, ја продолжи голгетерската низа во шампионатот на Узбекистан. Денеска  на натпревар од 12. коло во тамошното првенство, нашиот голгетер со атрактивен погодок ја потврди победата на Согдиана над Хоразм Урганч од 2-0.

За нашиот репрезентативец овој прекрасен погодок беше веќе осми оваа сезона, што го прави убедливо најдобар стрелец во лигата. За Согдиана ова беше само трета победа оваа сезона.

ПретходноМарин Петков заминува во НЦАА, ќе игра за Охајо
СледноРистески: Ждрепката не нé посака, но со ладна глава се прават и изненадувања