Македонија со супер триумф над Турција

131

Ракометната машка младинска репрезентација денеска забележа убав, висок и пред се заслужен триумф над селекцијата на Турција со конечни 41:24, во рамките од Европското првенство во Романија.

Ова за нашите ракоменти надежи беше втора победа на овој турнир, по онаа над Летонија. Истата пак, значи следново. Дека момците на селекторот Игор Илиевски ќе разигруваат за пласман од 17 до 20 место на овој континентален шампионат. Следниот натпревар за нас е утре против Полска.

Што се однесува до самиот дуел Македонија имаше контрола врз играта и резултатот во текот на сите шеесет минути.

Голманите Николовски и Младенов поделија по едно полувреме, и имаа 14 одбрани, додека пак Лазов беше најдобар стрелец со девет погодоци. Се приклучија Поповски со шест, и Ѓурмешевиќ со гол помалку.
ПретходноЗапочна преодниот рок за натпреварувачката сезона 2026/2027
СледноСе појави ново видео: Еве зошто Белингам го удрил Аргентинецот!(ВИДЕО)