Вечерва на комплексот Петар Милошевски во Скопје, тимот на Силекс го игра реванш дуелот од првото квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Динамо Минск од Белорусија.
На полувреме гостите водат со 0:1, со голот на Малашевич во 16. минута. Во обидот да нафрли од левата страна, тој директно од дирекот на голот на Џеков погоди во мрежата на Силекс.
И претходно, а и потоа Динамо имаше тотална контрола на играта, шанси и обиди за уште еден гол.
На другата страна единствената шанса Силекс ја имаше преку Ефтимов со глава во самиот финиш на полувремето.










