Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите дресови. Шпанците се формални домаќини на тој натпревар и затоа ќе играат со препознатливата црвено-сина комбинација.
Интересно е што улиците, трибините, парковите, а особено Плаза де Колон, беа исполнети со бели дресови за време и по победата над Франција. Според „Марка“ белиот дрес е толку популарен во Шпанија, што целата нација го прифати, а страста кон него се одрази и на продавниците на Адидас каде сите дресови се распродадени.










