Екипата на Силекс испадна во првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции по двомечот со Динамо Минск. Вечерва на ПЕтар Милошевски во Скопје, екипата од Белорусија беше подобра по изведувањето на пеналите со конечни 5:6, откако во регуларниот дел исто така победи со 0:1, и ја анулираше предноста од првиот меч.
Лошо прво полувреме на Силекс го чинеше негатива
Стартот на мечот значеше уште од првиот момент доминација на Динамо Минск. Гостите очигледно решени да ја анулираат негативата од првиот меч што побрзо одиграа далеку подобро од претпазливиот, па може и да се каже исплашен Силекс во првиот дел.
Шансите беа за гостите, а и водството.Малашевич во обидот да нафрли во 16. Минута упати силен центаршут кој откако се одби од теренот, и дирекот на голот од Џеков, одседна во мрежата на Силекс.
И по водството на противникот, Силекс не се „разбуди“ напротив. Продолжи да игра како што очигледно замислил, а тоа не носеше ништо добро.
Во последните моменти од првиот дел, Ефтимов имаше удар со глава покрај дирекот, и тоа беше единствениот обид на домаќинот. Наспроти тоа, Динамо Минск, можеше лесно да искористи уште некоја ситуација, и да води и со два разлика.

Зицерот на Силекс неискористен
Силекс на стартот на вториот дел го промени односот на терен, и реално заигра многу подобро од претходно.
Десната страна по која се наоѓаше Борјан Пановски далеку повеќе користена во овој дел, со неколку обиди за продор и центаршут.
Најголемата шанса дојде по прекинот за Динамо Минск, во кој Силекс одработи молњевит контра напад. Велиновски излезе сам пред Шикакович откако одлично беше проигран и пред се на време, но голманот на Динамо Минск, на време излезе и го осуети неговиот обид.

До крајот на регуларниот дел два обида на Динамо Минска на Жечко и Абдулахи кои за среќа не беа премногу опасни.
По завршувањето на регуларните деведесет минути, стартуваа и продолженијата, во кој првиот сериозен обид го имаше Џеков.
На спротивната страна резервистот, Лутскович кој излезе пред Џеков во добра позиција но голманот на Силекс навреме го скрати аголот и одлично интервенираше. Како и во следниот обид на Динамо само неколку секунди подоцна кога осуети удар од работ на шеснаесетникот.
Тензии на крајот
По завршувањето на пенал серијата имаше мини тензија на теренот што е и нормално по вакво трилер крај на овие два дуела.
Силекс – Динамо Минск 0:1 (0:1)
На пенали: 5:6
Комплекс Петар Милошевски
Гледачи: 800
Главен судија: Мариус Хансен Грета (Норвешка)
Стрелци: Малашевич 16 (ДМ)
Силекс: Џеков, Џеков, Анѓелески, Шеро (Дегимаџац 46), Хасукиќ (Мишов 76), Донов, Ефтимов (ВЕлиновски 69), Шуберт, Бутуровиќ, Богдановски, Пановски (Тимовски 90)
Динамо: Шимаковиќ, Малашевич, Селјава, Варданиан, Жечко, Вакулич, Калинин, Џимет, Абдулахи, Гурбан, Бегунов
Пенали:
Силекс: Велиновски +, Богдановски +, Мишов +, Делимеџац +. Анѓелески +, Тимовски –
Динамо: Бегунов +, Абдулахи +, Соколовски +, Ајукулов +, Луцкович +, Калинин +










