КК Пелистер на редовно собрание избра ново раководство, а нов тренер е Тане Спасев

101

Кошаркарскиот клуб Пелистер денеска на своето редовно собрание избра нова раководна структура. Под тоа се подрзабира нов претседател во името на Бојан Давков, поранешен капитен на клубот од Битола.

Предраг Созовски е човекот кој што ќе ја извршува функцијата на спортски директор, кој што исто така е познат на битолската кошаркарска јавност, како поранешен играч и тренер.

Исто така избран е нов борд на директори, кој ќе раководи со клубот, чиј единствен акционер останува Општина Битола.

Тане Спасев но кормилар

За нов тренер на КК Пелистер е избран Тане Спасев, искусен стратег кој што има богато интернационално искуство со водење на клубови во странство.

ПретходноСе појави ново видео: Еве зошто Белингам го удрил Аргентинецот!(ВИДЕО)
СледноНе се знае кој ќе биде светски првак, ама се знае кој ќе ја добие „Златната топка“ на СП!