Македонија го чека противникот: Денеска е ждрепката за втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029

59
ФОТО:mkd.basketball/

Патот кон ФИБА Евробаскет 2029 продолжува со ждрепката за втората рунда од претквалификациите, која ќе се одржи денеска (четврток, 16 јули) со почеток во 12:45 часот во Минхен.

Во оваа фаза ќе бидат распоредени 12 репрезентации, меѓу кои и Македонија, која обезбеди пласман како победник во својата група од првата рунда.

Заедно со нашиот национален тим во ждрепката ќе се најдат уште Бугарија, Словачка, Норвешка, Австрија, Белгија, Кипар, Чешка, Данска, Велика Британија, Романија и Швајцарија.

Селекциите ќе бидат поделени во четири групи со по три репрезентации, а најдобропласираните во секоја група ќе обезбедат место во квалификациите за Евробаскет 2029.

Натпреварите од втората рунда ќе се играат во три ФИБА прозорци:

27–30 август 2026

26–29 ноември 2026

25–28 февруари 2027

ПретходноТухел и натаму ќе биде селектор на Англија!
СледноТухел веднаш да си даде оставка, ова не се простува!