Познат е стартниот состав на Шкендија:Тамба, Ндзенгуе, Криезиу… ќе ја напаѓаат Европа!

74
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

На нешто повеќе од еден час до почетокот на реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, познати се стартните состави на Шкендија и Европа.

Ова се стартните единаесет на тетовци кои добија шанса од стратегот Артим Положани:

Амзаи, Трумчи, Фетаи, Ислами, Димоски, Зејнулаи, Фреитас, Красниќи, Тамба, Ндзенгуе, Криезиу.

Се гледа дека Положани направи неколку измени во стартниот состав во однос на првиот меч на Гибралтар.

Натпреварот е закажан за вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Главен судија е Антон Лашук од Белорусија.

Шкендија од првиот меч има предност од 5:0, па така ова за тетовци треба да биде само рутински одработена задача и официјална заверка на пласманот во втората квалификациска рунда каде ги очекува Браво од Словенија.

ПретходноТиквеш ремизираше со Аланијаспор
СледноСилекс ги отвори картите, познат стартниот тим за дуелот со Динамо (ФОТО)