Во очекување на вечерашната реванш пресметка меѓу Силекс и Динамо Минск во 1. коло од Конференциската лига на УЕФА, кратовци го објавија составот со кој ќе се обидат да ги потврдат оние 1:0 од првиот меч во Стара Загора.
Васоски се одлучи за формација 3-4-2-1 со Хасукиќ во нападот како „деветка“, а зад него како офанзивни играчи за врска ќе бидат Шеро и Богдановски.











