По 180 минути игра на двомечот од првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции, екипите на Силекс и Динамо Минск победникот ќе го одлучат по играње на продолженија.
На комплексот Петар Милошевски вечерва во Скопје, Динамо Минск по деведесет минути обезбеди победа од 0:1, со што ја анулира предноста од првиот меч на кратовци одигран во Стара Загора.
Па така, сега ќе се играат два пати по петнаесет минути за да се дознае патникот во следната фаза.










