Берокал има една желба: Сите македонски репрезентативци да се јават на повикот!

133

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. По минхенската ждрепка, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се натпреваруваат во групата „Ф“, заедно со селекциите на Австрија и Кипар.

По извлекувањето на групите, Берокал оцени дека Македонија ја очекуваат двајца сериозни ривали, а акцентот го стави на добрата подготовка и желбата репрезентацијата да биде комплетна за претстојните натпревари.

„Ја започнуваме втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во месец август. Австрија и Кипар се добри репрезентации, доаѓаат од квалификациите за Светското првенство и ќе видиме што ќе ни донесат овие натпревари. Имаме шест недели до почетокот на подготовките, кои ќе бидат многу важни за нас, затоа што нè очекуваат тешки натпревари, а стартуваме со гостување во Австрија.“

Шпанскиот стратег нагласува дека најголем приоритет е на располагање да ги има сите репрезентативци, за Македонија да настапи во најсилен состав.

„Најважно ми е да ги имаме сите играчи на располагање, добро да се подготвиме и се надевам дека сите ќе можат да се јават на повикот. Желбата ми е да играме во најсилниот ростер. Се надевам дека во август ќе го имаме најдобриот можен тим за дуелот со Австрија и успешно ќе ја започнеме оваа квалификациска рунда“, коментира селекторот Берокал откако ги дозна имињата на противниците за втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

ПретходноСалах си најде нов клуб: Неговата плата ќе биде 10 милиони евра
СледноГвардиола објасни зошто го напушти фудбалот!