Винчиќ ќе го суди големото финале на СП 2026

395

Славко Винчиќ од Словенија е назначен за судија на финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се оодигра в недела во Њујорк.

На 46-годишниот Винчиќ ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Резервен судија: Адам Махадмех, резервен помошник судија: Мохамед Ал-Калаф (двајцата Јорданци).

За Винчиќ ова ќе биде четврти натпревар на Светското првенство откако претходно судеше на натпреварите Бразил – Мароко 1:1 (групна фаза), Алжир – Јордан (групна фаза) и Мексико – Еквадор 2:0 (шеснаесетфинале).

Венецуелскиот судија Хесус Валензуела е назначен за судија на натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година меѓу Франција и Англија.

Натпреварот ќе се одигра утревечер од 23 часот во Мајами.

На 42-годишниот Валензуела ќе му помагаат неговите сонародници Хорхе Урего и Тулио Морено.

Ова за него ќе биде петтиот натпревар на овој Мундијал, откако веќе судеше на натпреварите Босна и Херцеговина – Катар (групна фаза), Брегот на Слоновата Коска – Норвешка (1/16-финале), Мексико – Англија (осминафинале) и Аргентина – Швајцарија (четвртфинале).

ПретходноПоложани: Требаше и поубедливо, но имаме потенцијал да се справиме и со Браво
СледноЈувентус потпиша со турскиот репрезентативец Челик