Македонската фудбалска репрезентација наесен на чека сериозен предизвик во најновото издание на Лигата на Нациите
Македонија сега е во посилниот „шешир“, каде што сме во група заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска.
Токму затоа, мора да сме на највисоко ниво во секој момент од оваа кампања ако сакаме да направиме нешто. И дома и на гостински терен. Распоредот вели дека стартуваме на 26.09. во Скопје против Швајцарија.
За да три дена подоцна одиме во Словенија. „Змајчеките“ ќе не пречекаат на стандардниот нивен објект наменет за националниот тим, а тоа е Стожице во Љубљана.
Откако на 3 октомври нормално на Арената ќе излеземе на Мегдан против Шкотска, одиме во Луцерн три дена подоцна против Швајцарија на гости.
Шкотска стандардно игра на Хемпден Парк во Глазгов, а мечот со Македонија е закажан за 13 ноември.
Финишот на оваа кампања го имаме против Словенија дома на 16.11.2026 година.










