Браво Георг: Македонецот Стојановски е стрелец на првиот гол во новата сезона во Бугарија!

144
ФОТО:www.facebook.com/p/FC-Spartak-Varna

Така е тоа, кој си знае, и тоа како си знае. Имено македонскиот интернационалец во дресот на Спартак Варна, Георг Стојановски е стрелец на првиот гол во новата сезона во елитната лига на Бугарија. Стојановски попладнево на мечот Спартак Варна – ЦСКА Софија 1948 успеа во 13.минута на својот тим да му донесе водство од 1:0 и со тоа да се запише во историјата како стрелец на првиот гол во сезоната 2026/27 во елитната лига на Бугарија.

Се разбира дека со ова најзадоволен ќе биде негиовит дедо, легендарниот Ѓоко Хаџиевски кој е тренер на Спартак Варна.

Да потсетиме дека токму Георг Стојановски со головите во финишот на минатата сезона му донесе победи на својот тим а со тоа и опстанок во елитната лига на Бугарија.

ПретходноМарко Ѓорѓиевски е нов играч на Шкендија
СледноГардијан: Инфантино има поддршка од 200 членки на ФИФА за нов мандат