Васоски разочаран од елиминацијата: Не ја искористивме шансата на натпреварот

275

Фудбалерите на и тренерот на Силекс, Александар Васоски, сосема очекувано беа разочарани од елиминацијата во првото коло во Конференциската лига. И покрај победата на првиот натпревар на гости против Динамо Минск, кратовци дозволија пораз на домашен терен, па низ продолженијата и пеналите не успеаја да дојдат до втората рунда.

„Ова беше еден исцрпувачки натпревар. Почнавме со страв во првите дваесетина минути, несвесно се повлековме иако беше кажано да нападнеме од првата минута. Немавме многу шанси, но Велиновски ја имаше шансата на натпреварот кога излезе сам пред гол. Во Европа, доколку не се искористат тие шанси за гол, казната стигнува. Нема што да им замерам на момците. Имаа 120 напорни минути, имавме свои моменти, меѓутоа фудбалот е таков за жал и мора да се помириме со тоа“, рече Васоски.

ПретходноБелиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја
СледноПоложани: Требаше и поубедливо, но имаме потенцијал да се справиме и со Браво