„Л’Екип“ вели: Олисе веќе има донесено одлука да замине во Реал Мадрид

100

Денешното издание на „Л‘Екип“ вели дека еден од најдобрите фудбалери на планетава во моментов и членот на Баерн Минхен, Михаел Олисе, и репрезентативец на Франција веќе одлучил дека сака да ја напушти Баварија и да се пресели во Реал Мадрид.

Легендарниот спортски медиум му ја посвети насловната страница на Олисе, кој што би требало да биде следното големо име на Сантијаго Бернабе, за кого Реал би требало да плати енормни 150 милиони евра.

Баерн е свесен од друга страна дека по завршувањето на Мундијалот, Олисе самоиницијтивно ќе ја покрене оваа работа што се вели и дека летово ќе се пресели во Шпанија.

24-годишниот напаѓач има договор со германскиот шампион до 2029 година, но е убеден дека сака да го направи следниот чекор во својата кариера. Според „Л’Екип“, неговиот соиграч од Баерн, Дајот Упамекано, се обидел да го убеди да остане во Минхен.

 

ПретходноСобослај доби нов договор од Ливерпул
СледноНаместо мотивација, за малку инцидентот во таборот на Франција