Големо засилување за тимот на Шкендија во пресрет на мечевите од Европа, но и од ПМФЛ шампионатот.
Марко Ѓорѓиевски е нов играч на тетовци, во трансфер во кој што некогашниот младински репрезенаттивец на Македонија по кратката епизода во Романија се враќа во домашниот шампионат.
Ѓорѓиевски беше еден од најдобрите стрелци во ПМФЛ во дресот на Силекс, по што го направи транферот во Клуж, а потоа и во Херменштад.
Сепак, неговата минутажа таму беше незбежителна, па тој се реши да се врати во Македонија.
Со него Шкендија добива сериозна опција во нападот.















