Минимален пораз на кадетите на првиот контролен натпревар во Софија

21

Машката кадетска репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз на првиот од двата договорени контролни натпревари против Бугарија, одигран во Софија.

Во израмнет и неизвесен натпревар, домашната селекција славеше со 65:64, откако двете репрезентации водеа голема борба во текот на сите 40 минути.

Селекторот Дејан Стојановски им даде можност за настап на 12 кошаркари, а најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани, кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 11 скока. На тоа додаде и три освоени топки и две асистенции за 23 минути поминати на паркетот.

Двоцифрен број поени постигнаа уште Зунзуровски со 12 и Котевски со 11 поени, кој натпреварот го заврши и со шест скока.

Македонија ќе одигра уште еден контролен натпревар, утре попладне во Софија, против кадетската репрезентација на Ирска, кој ќе биде последна проверка за двете селекции во рамките на подготовките за претстојните репрезентативни обврски.

ПретходноМбапе со емотивна изјава и голем респект за Дешамп
СледноЕве колку ќе трае полувремето во финалето на Светското првенство