Штета: Македонија поразена од Полска во пенал завршница

139
Фото: РФМ

Македонската младинска репрезентација одигра возбудлив натпревар против Полска, победникот на мечот беше решен после изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши со резултат (28-28). Со голот на Крстевски од седум метри нашите ракометари се изборија за реми.

Но, во изведувањето на удари од седум метри, подобра беше селекцијата на Полска која на крајот славеше со 33-32. Ова значи дека ќе играат за 19 место на Европскто првенство.

Македонија првото полувреме го заврши со минимално водство од 15-16. Резултатот постојано се менуваше, но за жал во важните моменти „црвено-жолтите“ не успеаја да дојдат до посакуваната победа.

Крстевски со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Гурмешевиќ со шест погодоци, пет запиша Поповски. Николовски имаше 16 одбрани.

ПретходноРегионална лига: Колевски комесар за натпреварување, Бајалски во дисциплинска комисија
СледноМакедонија ја победи Грузија и ќе игра за деветтото место на ЕП Б дивизија