Амановиќ одби да игра за Казахстан, „шанса“ за Македонија!?

607

Фудбалерот кој во минатото со успех и гордо го носеше дресот на младата репрезентација на Македонија сега повторно е во фокусот. Алекса Амановиќ со години е најдобриот стопер во шампионатот на Казахстан, кој по одличните сезони во Тобол и шампионските во Астана сега е дел од екипата на Ордабаси. Тим кој е лидер на табелата во својата земја и тим кој со Амановиќ во одбраната игра во одличен ритам.

„Минав добри години во Астана но сега беше одлуката да се прифати нов предизвик. Амбициите на Ордабаси се идентични со моите а тоа е борбата за највисок пласман. Засега добро ни оди…“, коментира Амановиќ за медиумите во Казахстан.

Долги години се најавуваше дека Алекса Амановиќ го чека периодот од 5 години престој во Казахстан за да има право да настапи за репрезентацијата на оваа земја. Истовремено тој не играше ниту за сениорите на Македонија иако претходно имаше блискост со тогашниот селектор на младите, а подоцна и на сениорите, Благоја Милевски.

На прашањето на новинарите од Казахстан, дали сега е подготвен да го облече дресот на нивната земја!? Амановиќ одговори кратко и јасно:

„Не, тоа не би било фер. Јас би им го земал местото на неколку млади и добри Казахстански фудбалери кои играат на таа позиција. Јас веќе имам и години…“, е одговорот на Амановиќ кој веќе шеста сезона ќе настапува во Казахстан со своите 29 години.

За неговите квалитети во минатото говореа многу од селекторите на оваа земја но ете според ваквите најави Казахстан нема да бара промена на фудбалскиот пасош на Амановиќ кој настрапува во оваа земка како фудбалер од Македонија.

ПретходноНајскапото „селфи“ на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди, Дурент, Родри…
СледноЦените на билетите за финалето на СП пак „скокнаа“: Само најбогатите навивачи ќе го гледаат спектаклот!