Дефанзивецот од Руанда се враќа во ПМФЛ: Шкендија Арачиново го договори и Абдул Руватубаје!

283

Абдул Руватубаје (29), искусен дефанзивец од Руанда, во следната сезона ќе го носи дресот на Шкендија Арачиново. Има договор меѓу двете страни, се очекува само уште официјална потврда од клубот и секако промоција.

Ова за Руватубаје ќе биде враќање во ПМФЛ, ако се зна дека до пред две години играше за Шкупи и за Брера Струмица.

Секако дека ова е големо засилување за тимот од Арачиново. Сега веќе и дефинитивно може да се каже дека дебитантот во нашата елитна лига не се шегува и во овој летен преоден рок и тоа како се засили.

Неофицијално, Руватубаје нема да биде последното засилување во пресрет на стартот на сезоната во ПМФЛ.

ПретходноМеси за Јамал: Му посакувам многу успеси со Барса, ама не и во финалето на СП!
СледноДенеска на Мундијалот: Последен меч на Дешамп како селектор – Франција и Англија во битка за бронзата