Кадетите пред ЕП ќе одиграат две контроли со Грција

62
Фото: РФМ

Македонската машка кадетска репрезентација се врати од Грац каде го одработи првиот дел од подготовките за настап на претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски во Белград ги чека тешка задача, во групната фаза ќе ги одмерат силите со Франција, Словенија и Шведска.

Нашите надежи веќе се во Скопје и ќе одиграат два пријателски натпревари против Грција, кои ќе бидат последен тест пред настапот на континенталното натпреварување.

Првиот меч е денеска во малата сала „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот, додека втората средба е утре, но со почеток во 12 часот.

Оваа генерација е една од најнадежните, во изминатиот период настапи на Медитеранските игри, беше дел од Светското ракометно училишно првенство кое се одржа во Скопје и го освои златниот медал.

ПретходноХулијан Алварез бесен поради потегот на Атлетико пред финалето на Светското првенство!
СледноРазговор со Саша Димитријевиќ за новата улога – консултант за развој на млади играчи во МЗТ Скопје