Младиот стратег Новески е нов тренер на прволигашот Работнички 71&22

179

Младиот одбојкарски стратег Миодраг Новески го презема кормилото на сениорскиот тим на прволигашот Работнички 71&22.

По 5 години посветена работа со младите категории и стекнато искуство како помошник тренер во сениорскиот тим и репрезентацијата во младинските категории, Миодраг Новески го прави следниот чекор во својата тренерска кариера и станува прв тренер на сениорскиот тим на Работнички 71&22.

Покрај водењето на првата екипа, Новески ќе продолжи активно да работи и со младинските категории, со цел развој, создавање и промоција на нови таленти.

ПретходноУтре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти на стадионот, илјадници агенти на ФБИ
СледноАгуеро без влакна на јазикот: Меси е како порно ѕвезда, ги е*е сите!