Јован Манев и официјално го облече “црвено – црниот“ дрес на Шкендија. Како што велат од тборот на тетовскиот клуб, македонскиот репрезентативец потпиша двогодишен договор, што значи Манев ќе биде во дефанзивата на Шкендија најмалку до 2028.
Ова секако дека е еден од најголемите трансфери ова лето во мак – фудбалот. Манев важи за еден од нашите најдобри дефанзивци,актуелен репрезентативец а доаѓа од Ријека. Играше и за Осијек, во Адана Демирспор заедно со славниот Марио Балотели.
Нема дилеми дека со доаѓањето на Манев, Шкендија и тоа како си ја зацврсти дефанзивата.

















