Во 84. година од животот почина една од најмаркантните фигури во нашата спортска историја – легендарниот кајакар на диви води, Трајан Јовковски. Јовковски беше спортист, спортски работник и горд член на елитниот „Клуб на великаните“ при МОК (од 2000 година), кој имаше блескава кариера како повеќекратен шампион на Македонија и на Југославија, како долгогодишен капитен на репрезентацијата и врвен тренер, кој го трасираше патот на кајакарскиот спорт во нашата земја. Неговите историски достигнувања на светските првенства, кога се вброи меѓу најдобрите во светот, засекогаш ќе останат врежани во златните страници на нашата нација.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на градските гробишта во Бутел периодот од 09:30 до 10:30 часот, каде што пријателите и почитувачите ќе можат да му оддадат последна почит на великанот.










